АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ОД КАРПОШ – СЕВКУПНИ ПОБЕДНИЦИ НА СИНДИКАЛНИТЕ ИГРИ ВО ОХРИД

35
АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ОД КАРПОШ – СЕВКУПНИ ПОБЕДНИЦИ НА СИНДИКАЛНИТЕ ИГРИ ВО ОХРИД

Вработените од Општина Карпош и годинава целосно доминираа во рамки на 30-тите јубилејни спортски игри и средби, кои ги организираше Синдикатот на УПОЗ овој викенд во Охрид. Административците од Карпош ја покажаа својата мотивираност и спортска подготвеност, меѓу силната конкуренција во која учествуваа бројни екипи од управата и правосудството.

Имено, во мал фудбал и кошарка, мажите го освоија првото место, додека пак карпошанки го подигнаа победничкиот пехар во баскет, стрелаштво, тенис и пливање, а во пикадо ја обезбедија бронзата. Во заедничките дисциплини (мажи и жени), административците од Карпош беа непобедливи во одбојка и шах, а во влечење јаже ја освоија третата позиција. Заради постигнатите високи резултати, екипата на Општина Карпош беше промовирана во севкупен победник на Синдикалните игри на УПОЗ за 2025 годинa.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ
Следно соопштениеМицкоски: За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а СДС постојано прави груба злоупотреба на трагични случаи