Адријана и Дарио со учество на Светското првенство во атлетика

50
Адријана и Дарио со учество на Светското првенство во атлетика

Дарио Ивановски со успешен настап на Светското атлетско првенство во Токио 2025!

Дарио го заврши маратонот за 2:26:31 и се пласираше на 58-то место од 88 учесници.

🔝 Со својот настап достојно ја претстави Македонија на светската атлетска сцена.

Маратонот во машка конкуренција го завршија 66 натпреварувачи, а многумина од пријавените се откажаа за време на трката.

Победник на маратонската трка е Алфонс Феликс Симбу од Танзанија, кој заврши за дел од секундата побрзо од Аманал Петрос од Германија, додека трет беше Италијанецот Илиас Ауани, кој заостануваше пет секунди.

Претходно рекордерката во маратон во женска конкуренција во Македонија Андријана Поп-Арсова Рашиќ заврши на 62-рото место со време од 3:01:48, што беше најдобро време во оваа сезона за нашата натпреварувачка.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗнае ли Мицкоски дека Панче го демантираше за странските служби и центри на моќ?
Следно соопштениеСДСМ: По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника