Аџиоски: Одлуката од Стразбур потврди дека во Македонија постои политички прогон на неистомисленици  

148
Аџиоски: Одлуката од Стразбур потврди дека во Македонија постои политички прогон на неистомисленици  

„Денес продолжуваме со средбите со граѓани во струшкиот регион, бевме во Радожда, тука сме во Мислешево и Мислешески пат, од тука ќе одиме во Мороишта, Драслајца, Биџево, Ложани и ќе завршиме Враништа на традиционалниот турнир во мал фудбал“, истакна пратеникот Мирче Аџиоски при теренската активност „Ова е Македонија за сите“.

Аџиоски додаде дека агендата е обемна, но целта е да се посетат сите населени места посебно во Струга затоа што тука се чувствува најмногу заробената држава. Бидејќи во Струга граѓаните имаат и заробена општина од страна на ДУИ и СДСМ.

„Имаме комплетно заробен систем од страна на ДУИ и СДСМ кој не функционира, односно функционира само за нивните потреби, за политичка пресметка со неистомислениците. Впрочем за тоа добивме потврда пред два дена и од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој потврди дека во Македонија постои политички прогон на неистомислениците и дека власта ги користи институциите само за нивните потреби“, заклучи пратеникот.

Тој посочи дека затоа е потребно обединување против оваа власт и затоа се потребни избори за да се врати државата на народот, а криминалците што се на власт да одговараат.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЛефков: Додека граѓаните се жалат на слаба здравствена заштита, власта гледа како да ги пушти своите пипци во судството и да се дограби до државниот буџет
Следно соопштениеСтојаноска: Ветениот „живот за сите“ стана беда, правдата-огромна неправда затоа единствен излез се избори