Ако некој во државава е во целосен распад, тогаш тоа е СДС на чело со Филипче, кој верно му ја чува фотелјата на Заев

65
Ако некој во државава е во целосен распад, тогаш тоа е СДС на чело со Филипче, кој верно му ја чува фотелјата на Заев

СДС распаднат мисли дека сите се како нив.

СДС го гледа неговиот распаднат партиски систем и тоа сака да го најде кај другите.

СДС има проблем сам со себе, затоа што се доведени до партија со членство од 22 илјади граѓани.

Ако некој во државата се распаѓа, токму тоа е СДС на чело со Венко Филипче, за кого не гласаа дури ни тие малку членови кои им останаа.

Дополнителен товар кој СДС го влече на дното и кон целосно распаѓање, се токму целото партиско раководство кое долги години беше дел од третиот и четвртиот ешалон на владата на Зоран Заев.

Сите во СДС се деца на Заев и се негова продолжена рака партијата, на чело со Филипче кој верно му го чува претседателското столче.

Така да, друг пат кога Богданка Кузеска зборува за систем кој се распаѓа, нека си погледне во сопствените редови, во СДС која е во целосен распад.

А, пустошот којшто СДС го остави во сите сфери на општественото живеење ќе треба многу време за да се среди.

Но едно е сигурно, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постепено ги санира сите штети предизвикани од цунамито кое седумгодишното владеење на СДС го остави во државниот систем.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКолева: Додека 500 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден, владата се луксузира со егзотично овошје и бесцелни патувања низ светот
Следно соопштениеКостадиновска-Стојчевска до Љутков: Зошто навреме не ги пресметавте платите за вработените?