Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, тие веднаш ќе им помогнат, ако нема да се извинат за ширење на манипулации и невистини

104
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, тие веднаш ќе им помогнат, ако нема да се извинат за ширење на манипулации и невистини

СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации.

Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.

Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.

Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеУште еден доказ: владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра
Следно соопштениеЕфикасноста на Систем 48 во Струмица: Транспарентност и решавање на проблемите на граѓаните