Ако се стави европско знаменце на Законот за амнестија, следи напуштање на работата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ

125
Ако се стави европско знаменце на Законот за амнестија, следи напуштање на работата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за правда наместо нервозно да реагира треба наредниот пат прецизно да ги следи говорите и ставовите на Пртеседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Никаде не се тврди дека за законот за ослободување на вмешаните Монструм и други криминалци е веќе ставено европско знаменце. Но со оглед на тоа што и за многу други закони тоа е злоупотребено, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ако тоа се стави на Законот за амнестија следи напуштање на работата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Поважно е министерот за правда да објасни каков договор има за ослободување на криминалци и која е цената за таквиот чекор на владата на Ковачевски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски на конференцијата на Унија на Ветерани: ВМРО-ДПМНЕ е градена не врз елити, пари и блескава моќ, туку врз кауза, верба и борба која му припаѓа на народот
Следно соопштениеМицкоски: Сонот на бугарската државна политика е големо бугарска држава на грбот на Македонија што секогаш било поддржано и од руските влијанија, овој диктат со кој не условуваат е продолжение на таа политика