Албанска академија за науките како дел од проектот за федерализација Левица

61
Албанска академија за науките како дел од проектот за федерализација Левица

Трендот на создавање паралелни национални институции со што дополнително се урнисува унитарниот карактер на Република Македонија, продолжува во исто темпо и со новата власт предводена од ДПМНЕ.

Имено, новиот партнер на ДПМНЕ во власта, ВРЕДИ, наместо да донесе нови, прогресивни идеи (ослободени од етно-трибализмот), повторно демонстрира дека нивното практикување власт, по над дваесетте години на ДУИ, не значи промена – туку замена.

Во ниту една унитарна држава НЕ постојат две паралелни научни академии, затоа што науката не може да биде заробена од етнички концепти. Ваквите етно-шовинистички барања на ВРЕДИ единствено ја продлабочуваат веќе длабоко наметната бинационална држава и дополнително водат кон федерализација!

Додека партнерите од власта ДПМНЕ и ЗНАМ се “изненадени” од ваквите изблици, потсетуваме дека токму Билал Касами од ВРЕДИ отворено ги има промовирано своите великоалбански претензии, па дури и изјавуваше дека Македонија (после Косово) ќе стане трета албанска држава.

Наместо поништување на штетните политики кои длабоко го дезинтегрираа македонското општество и доведоа до негова либанизација, јасно е дека и новата владејачка гарнитура нема капацитет, ниту пак политичка волја за враќање на унитарноста на македонската држава.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДобро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси и одговорност
Следно соопштениеУште еден запален автобус на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје