АМБАСАДАТА ВО ШВЕДСКА ДОМАЌИН НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА

10

Македонскиот амбасадор во Шведска, Џенк Сејфула како и советникот во македонската амбасада Стојанче Китаноски, беа домаќини на македонската делегација која деновиве е во работна посета на Шведска, во чиј состав е и градоначалникот Тони Коњановски. На средбата во македонската амбасада во Стокхолм, тие разговараа за придобивките од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво” и конкретните активности, кои ќе бидат преземени кај нас, како резултат од реализацијата на проектот. Заеднички договорија соработка и на идни проекти, за кои што амбасадата им ја понуди целосната поддршка на градоначалниците учесници во делегацијата. Општина Битола е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои работат на одржливо управување со отпадот, преку проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”,  финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈаневска ги обвинува училиштата, а таа не им ги продложи договорите на личните асистенти
Следно соопштениеРАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИТЕ НА КЛИНИКИТЕ-ВО ФОКУС ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРИРАЊЕ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР