Анастасија Мојсовска со одличен резултат го заврши својот настап на ЛОИ Париз 2024

27
Анастасија Мојсовска со одличен резултат го заврши својот настап на ЛОИ Париз 2024

#Paris2024 

#TeamMKD

Анастасија Мојсовска со одличен резултат го заврши својот настап на Летните Олимписките игри во Париз.

Во своето деби на игрите, македонската стрелачка Мојсовска, настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри. Во квалификациската рунда, Анастасија по шестте серии имаше вкупен резултат од 625.3 погодени кругови. Нејзиниот најдобар резултат останува 628.8 кругови.

Тој резултат ја рангира на 31.место во конкуренција на 43 натпреварувачки. За жал не беше доволен да обезбеди место во финалето, кое и избега за 6 круга.

Селекторот Тасевски со свое видување за настапот на Анастасија:

– Во текот на натпреварот добро се координиравме и сите серии беа над 104, освен една со што оствари највисок резултат на едни Олимписки игри во дисциплината пушка.

Позади нас оставивме европски и светски прваци како што се Чешка, Велика Британија, Америка, Германија, Бразил и др.

За влез во финалето беа потребни 631.3 кругови, односно ни фалеа само 6 кругови.

Анастасија погоди 57 од 60 дијаболи во центарот, но кај нас едно срцебиење и зголемен адреналин делува на квалитетот на центрите.

За македонските олимпијци, следниот настап е во вторник (30 јули), кога џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограми.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДесничарската влада на ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори со олгархијата за недела неработен ден Левица
Следно соопштениеЕвропската комисија согласна со критиките на Левица за нетранспарентноста на државните институции Левица