Анастасија Мојсовска, учесник на ОИ Париз 2024

92
Анастасија Мојсовска, учесник на ОИ Париз 2024

Ви ги претставуваме учесниците на претстојната олимпијада која ќе се одржи од 26 јули – 11 август оваа година во Париз 🇫🇷.

#Paris2024 🇫🇷

#TeamMKD 🇲🇰

#RoadToParis2024

🎯 Анастасија Мојсовска, Стрелаштво (10 метри воздушна пушка)

Анастасија ќе учествува на Олимписките игри ПАРИЗ 2024 и ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка, натпревар кој на програмата на Олимписките игри е на 27. јули 2024 година.

Честитки до Анастасија Мојсовска, нека е со среќа нејзиниот настап и нека има мирна рака во нејзиниот прв настап на Олимписките игри!

Настапот на олимпијадата за мене претставува остварување на мојот спортски сон и освојување на уште еден спортски врв кој мене ме оформува како професионален спортист-стрелец.

Чувството е феноменално, неизмерно сум среќна што еве баш јас сум дел од олимпискиот тим и ја имам шансата да ги претставувам боите на нашата држава.

Изработување на еден квалитетен светски резултат за кој сум спремна, а со кој достојно ќе се претставиме на оваа олимпијада.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеБитиќи: Со ребалансот го добивме еден од најскандалозните буџети во историјата
Следно соопштениеСпасов кој преку Рејтинг од СДС извади 1 милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција