Ангел Петрушев најдобар на овогодинешното издание на ИКАС оддржано на Матка

55
Ангел Петрушев најдобар на овогодинешното издание на ИКАС оддржано на Матка

Најновото 56-то издание на меѓународниот Илинденски кајак слалом се започна со големи возбудувања денеска на Матка, а ИКАС натпреварувањето мина во знакот на домашните спортисти.

Ангел Петрушев го потврди епитетот на најдобар македонски кајакар и како победник ја заврши денешната трка во во дисциплината К1, а во дивите води на Матка, второ најдобро време имаше младиот македонски кајакар, Кристијан Смилев.

Најдобрата тројка ја комплетираше Марко Ѓорѓевиќ од Србија, а остварените резултати денеска имаат уште поголемо значење ако се знае дека годинешниов ИКАС се бодува на Светската ранг листа на ИЦФ.

По две комплетирани возења, Петрушев имаше вкупно време од 86,91.

Во женска конкуренција, во дисциплината К1 победи Ула Скок од Словенија, во Ц1 дисциплина најдобар беше Матеј Тројаншек од Словенија, додека кај дамите во Ц1 исто така славешен натпреварувачка од Словенија, Лили Пинтериќ.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН – Олимписки Комитет на Северна Македонија
Следно соопштениеСДС е последната партија што може да зборува за правда и култура – тие се симболот на неправда, партизација и криминал