АРС ЛАМИНА ПОДАРИ 1000 КНИГИ ЗА УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ

119
АРС ЛАМИНА ПОДАРИ 1000 КНИГИ ЗА УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ

Издавачката куќа ,,Арс Ламина” додели по 100 книги за десетте основни училишта во Општина Карпош. Во рамки на кампањата ,,Читањето е супермоќ”, која е поддржана и од Филозовскиот факултет во Скопје како и здружението за дислексија ,,Ајнштајн”, денеска, во просториите на ООУ ,,Лазо Трповски”, се одржа презентација која има за цел да се збогати библиотечниот фонд во училиштата и да се поттикнат читачките навики кај децата. Општина Карпош го ужива овој благодет, кој пред се е од огромно значење за развојот во образованието на децата, а мисијата на кампањата е преку понуда на атрактивни изданија да предизвика и одржи интерес за читање кај учениците. Издавачката куќа ,,Арс Ламина” со години е сериозна поддршка на наставно образовниот процес со понуда на изданија, што се користат во и надвор од наставната програма.

                        На денешната презентација присуствуваа директорките на училиштата, библиотекарите како и дел од наставниот кадар од сите основни училишта на територија на Општина Карпош.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО УЗ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“
Следно соопштениеКАРПОШАНИ ПРЕДЛАГААТ ПРОЕКТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА