АСФАЛТИРАЊЕ НА СЕДУМ УЛИЦИ ВО СЕЛО ОПТИЧАРИ

85
АСФАЛТИРАЊЕ НА СЕДУМ УЛИЦИ ВО СЕЛО ОПТИЧАРИ

Проектот за изградба на коловоз на седум улици во село Оптичари, влегува во завршна фаза. Согласно склучениот договор на Општина Битола со изведувачот на активностите „ЗИМАК“ ДООЕЛ Битола, денес започна асфалтирањето на новата патна мрежа во должина од 1090 метри. Вкупната вредност на инвестицијата од општинскиот буџет изнесува 5.238.208 денари.

Жителите на селото Оптичари, му се заблагодарија на градоначалникот Тони Коњановски, за неговата посветеност во работењето, посебно за подобрувањето на инфраструктурните услови во руралните места, со што конечно се решаваат и долгогодишните проблеми на населението од селата кои гравитираат кон општина Битола.

The post АСФАЛТИРАЊЕ НА СЕДУМ УЛИЦИ ВО СЕЛО ОПТИЧАРИ appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКолумна: Кога природното го сметаме за неприродно, добиваме антиродова пропаганда
Следно соопштениеМицкоски на средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Казуја: Потребна е подобрена економска соработка за повеќе инвестиции на јапонските компании во Македонија