АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „ДРАГОРСКА“

133
АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „ДРАГОРСКА“

Согласно склучените договори и планираните рокови за изведба, денес започна асфалтирањето на улицата „Драгорска“ во Битола. Реконструкцијата на оваа улица, која беше во многу лоша состојба, се реализира после долгогодишните барања на жителите кои ги чувствуваа последиците како од лошата подземна инфраструктура, така и од доста оштетениот коловоз.

Увид во работните активности изврши, секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, заедно со претставниците од општинската администрација кои беа задолжени за координација на проектните фази, во кои беше опфатена реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, во должина од 522 метри, реконструкција на водоводната мрежа и коловозот.

За комплетна реализација на овој проект, од страна на Општина Битола, беа инвестирани финансиски средства во висина од 16.140.254 денари.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „ДРАГОРСКА“

The post АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „ДРАГОРСКА“ appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПоставени се првите полуподземни контејнери во Струмица – Општина Струмица
Следно соопштениеСтефковски: Откако граѓаните ми ја дадоа довербата да бидам градоначалник кажав дека единствено ќе им служам на граѓаните и компромис со почитување на законот нема да правам