АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛО ЛАЖЕЦ

138
АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛО ЛАЖЕЦ

Општина Битола, продолжува со подобрување на инфраструктурните услови во сите делови на општината.

Како дел од градежните работи кои се одвиваат на 17 локации, се врши асфалтирање на две локални улици во селото Лажец, каде за првпат се поставува асфалт.

Овие активности се дел од програмските заложби на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за комплетно подобрување на патната инфраструктура во руралниот дел на општината.

Од руралнитe средини во општина Битола, работни активности се одвиваат и во селата Егри, Оптичари, а се работи и на реконструкција на тротоар кон постоечки коловоз на дел од улица „Ѓурчин Наумов – Пљакот“ и улична мрежа на локален пат до село Долно Оризари, во должина од 1 километар.

The post АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛО ЛАЖЕЦ appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски прифати уставни измени и сега дијалогот треба да продолжи
Следно соопштениеНиколоски: 2/3 за уставни измени под бугарски диктат нема, ајде на избори веднаш, народот е врховен судија во политиката