Асовите бираат асови 2025 – Олимписки Комитет на С. Македонија

100
Асовите бираат асови 2025 – Олимписки Комитет на С. Македонија

Доцна синоќа во комплексот Негорски бањи се оддржа 34. издание на манифестацијата “Асовите бираат асови”. Се доделија многу признанија и награди во повеќе категории а наградата “Најдобар спортист на Македонија” ја понесе капитенот на ракометната репрезентација, Филип Кузмановски. “Најдобар тренер” како и “Најдобар млад играч” им припаднаа на учесниците на последниот мундијал, Кирил Лазаров и Марко Митев.

Спортски великан на годината е Владимир Богоевски, спортскиот директор на МОК. 

Наградата за Најдобар спортист на Македонија ја додели претседателот на МОК, Даниел Димевски, кој меѓудругото се осврна на организацијата на Европскиот Младински Олимписки Фестивал кој ова лето, Скопје и Куманово ќе пречекаат 2500 спортисти од 48 земји.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПремиерот Мицкоски прв македонски политичар со говор на престижната „СРАС“, подобри услови за студирање на идните лекари и намален процент на сообраќајни незгоди
Следно соопштениеСДСМ: За робустниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност