Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола » Општина Прилеп

40
Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола » Општина Прилеп

ОПШТИНА ПРИЛЕП

ОБЈАВУВА

Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола

 

Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Oпштина Прилеп доставено е барање за издавање на Б–интегрирана еколошка дозвола бр.10-2628/1 од 29.12.2023 година.

Подносител на барањето:

Друштво за производство, трговија на големо и мало АРИНИ ФЕШН Василопулос Георгиос ДООЕЛ увоз-извоз Прилеп-подружница АРИНИ ФЕШН 2

Површински коп за оникс и травертин локалитет “Гулабова Пештера” с.Бешиште, општина Прилеп

Адреса:  ул.„Леце Котески“бр.27  Прилеп

 

Категорија на инсталација:

Прилог 2, Точка 3 – Индустрија на минерали, Подточка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1  согласно Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план (Сл.весник на РМ бр.89/05)

 

Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена во просториите на:

Општина Прилеп

Ул.Прилепски бранители  бр.1

Секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот

Одделение за урбанизам и заштита на животна средина

 

Ве информираме дека Барањето за Б–интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk  на Општина Прилеп.

Сите засегнати правни и физички лица може да достават писмен коментар во однос на поднесеното барање за Б-ИЕД. Коментарите треба да се достават до Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Прилеп на горе наведената адреса во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Барањето за БИЕД .

Општина Прилеп     

Градоначалник  Борче Јовчески

Општина Прилеп објавува Барање за Б-ИЕД

Арини Фешн Барање за БИЕД

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЖелезната тупаница на СДС и ДУИ за прогон Катица Јанчева стана фабрика за рекет, уценетиот Јакимовски одработи за заташкување на случајот пред судството на СДС, но не се спаси од црната листа
Следно соопштениеМицкоски сака да продолжи каде застана Груевски, ДПМНЕ не може да донесе промена