БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА (предизвикана од каснување од бездомно куче)

88
БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА (предизвикана од каснување од бездомно куче)

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња.
Со примената на ова Упатство, се овозможува граѓаните кои претрпеле штета од каснување од бездомни кучиња на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп, да поднесат барање за надомест на штета и да пристапат кон постапка за спогодбено решавање на случајот.
Постапката се спроведува преку формирана Комисија, која врз основа на доставената документација и утврдената фактичка состојба предлага висина на надоместок, по што на барателот му се доставува спогодба.
Ги повикуваме сите граѓани кои имаат претрпено ваков вид на штета, да поднесат Барање со потребната документација преку Архивата на Општина Прилеп.
Образецот за поднесување на Барањето е достапен:
во Архивата на Општина Прилеп
на официјалната веб страница на Општина Прилеп
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Општина Прилеп.

ОПШТИНА ПРИЛЕП

ПРЕЗЕМИ Упатство

ПРЕЗЕМИ БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

ПретходноЗАСАДЕНИ 6.000 САДНИЦИ НА ДАБ

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЛукаревска: Цените тројно растат, власта нема стратегија за кризата
Следно соопштениеБитиќи: Намалувањето на ДДВ за горивата е само лепење фластер на рана, не решение за енергетската криза