Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

98
Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Бидејќи СДС „не знаат“ каде е намесникот Венко Филипче и инсинуираат дека не е во Дубаи, еве да ги прашаме дали Венко заедно со нивниот лидер Зоран Заев се на зимување по луксузните и прескапи алпски зимски центри?

Дали Филипче со Заев најпрвин биле да изиграваат елита во Сент Мориц, а потоа се луксузирале и во Гармиш-Партенкирхен?

Дали Новата година ќе ја прослават во Гармиш-Партенкирхен за да следат скијачки скокови за да фатат дел од познатата турнеја Четири скокалници?

А кога сме кај златната виза од Дубаи, не само што СДС признаа дека Венко ја поседува, туку зедоа да се објаснуваат колку истата чини и во каква валута е платена, па останува уште да кажат дали е поврзана со изградбата на 42-катницата и како успеа со докторска плата да ја купи?

И за крај, нормално дека СДС ќе знаат каде настапува Харис Џиновиќ, ние само ги прашавме дали ќе им пее на Заев и Филипче, ама тие како верни фанови му ја следат кариерата.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?
Следно соопштениеСДСМ поднесува нова претставка до ЗНМ за заканите од Героски