Билтен за активностите на SSKM како партнер на проектот во SEB COVE за периодот март-мај 2025 година

30
Билтен за активностите на SSKM како партнер на проектот во SEB COVE за периодот март-мај 2025 година

Напредокот на проектот SEB CoVE

(Паметна електрична енергија за згради – Центри за стручна извонредност) – проектен број 10114402, ко-финансиран од Еразмус+ Програмата на Европската Унија

Проектниот тим на ССКМ дел од успешниот состанок на SEBCoVE во Порто

Почитувани,

Со големо задоволство сакаме да ги споделиме импресиите од неодамнешниот состанок на проектот SEBCoVE (Паметна електрична енергија за згради – Центри за стручна извонредност), каде проектниот тим на ССКМ имаше активно учество. Овој значаен собир се одржа во живописниот град Порто, Португалија, на 7-ми и 8-ми април 2024 година. Целта беше унапредување на иницијативите во рамките на проектот (проектен број 101144027), кој е ко-финансиран од Еразмус+ Програмата на Европската Унија. Состанокот беше сместен во инспиративниот амбиент на Факултетот за инженерство при Политехничкиот институт во Порто (GECAD – ISEP/IPP).

Првиот ден од состанокот беше посветен на продлабочени дискусии околу развојот на SEBCoVE иновациите. Партнерите разменија видувања за дизајнот на наставните програми, развојот на дигитални алатки за обука и имплементацијата на современи наставни методи. Се разговараше и за механизмите за обезбедување квалитет во стручното образование и обука, како и за сертификацијата на стекнатите вештини. Денот беше заокружен со плодни разговори за начините на дисеминација и комуникација на проектните резултати.

Вториот ден се фокусираше на аспектите на управување и координација на проектот. Беа разгледани административните и финансиските прашања, напредокот во известувањето и плановите за идните активности, вклучувајќи настани и мобилности. Партнерите заеднички ги дефинираа следните чекори, потврдувајќи ја посветеноста кон успешна реализација на проектот.

Учеството на тимот на ССКМ и ангажманот на сите партнери во Порто придонесоа за зајакнување на соработката и јасно трасирање на патот кон остварување на целите на SEBCoVE. Веруваме дека овие заеднички напори ќе резултираат со значајни придобивки за развојот на паметната електрична енергија во зградите и унапредување на стручната извонредност.

По успешното учество во Порто, тимот на ССКМ ги продолжи проектните ангажмани и вмрежувањето во Ваљадолид

По значајниот и продуктивен состанок на проектот SEBCoVE во Порто, каде нашиот тим на ССКМ имаше активно учество, меѓународните ангажмани продолжија со патување во Ваљадолид, Шпанија. Таму, во рамките на проектот MOBUILDING, тимот на ССКМ имаше можност за натамошно вмрежување и размена на искуства со други значајни европски проекти.

Активностите во Ваљадолид, кои се одржаа на 9-ти Април, започнаа со организирана посета на импресивниот Саем во Ваљадолид (Feria de Valladolid). На саемот и средбата се почувствува духот на соработка, бидејќи на тимот на MOBUILDING му се придружија и две други меѓународни делегации од проекти за Градење на капацитети во стручното образование и обука (VET) и Центри за стручна извонредност (CoVE). Оваа заедничка посета на Форумот на вештини беше одлична прилика за воспоставување нови контакти и зајакнување на постоечките партнерства.

Во текот на Форумот, особено инспиративно беше присуството на тркалезната маса со Хесус Бојано, директорот на INFODEF. Неговата дискусија на тема „Предизвикот на мобилноста и интернационализацијата“ понуди вредни увиди, директно поврзани со целите на проектот MOBUILDING. Истовремено, истражувањето на Натпреварот на VET вештини овозможи запознавање со најновите трендови и практики во различни стручни области низ Европа.

Попладневниот дел од програмата беше посветен на почетниот состанок на проектот MOBUILDING, кој се одржа во просториите на Регионалното Министерство за образование. Во работна атмосфера, партнерите, вклучително и претставници од ECTE, ENAIP и GOI, ги презентираа своите организации и планираните активности во рамките на клучните работни пакети. Овие последователни ангажмани во Порто и Ваљадолид беа исклучително значајни за тимот на ССКМ, не само за напредокот на конкретните проекти SEBCoVE и MOBUILDING, туку и за ширење на мрежата на соработници и позиционирање на ССКМ како активен чинител во европските образовни иницијативи.

Искористени искуства и стратешки насоки по враќањето од Португалија и Шпанија

По враќањето од студиските посети во Порто (Португалија) и Ваљадолид (Шпанија), проектниот тим на ССКМ организираше детална презентација за членките на Комората. Во текот на настанот, тимот ги сподели најважните сознанија и иновативните практики стекнати преку учеството во проектите SEBCoVE и MOBUILDING, кои се ко-финансирани од Еразмус+ Програмата на Европската Унија.

Освен пренос на знаење, овие средби послужија како основа за креирање на стратешки пристап за поефикасна имплементација на идните проекти во областа на паметната енергија, стручното образование и одржливиот развој. Посебен нагласок беше ставен на можностите за интернационализација, подобрување на мобилноста на експертите и вклучување на локалните претпријатија во европските иницијативи.

Овие активности ја потврдија улогата на ССКМ како клучен партнер во промовирање на иновациите и јакнење на соработката меѓу академската заедница, стручните институции и бизнис секторот.

SEBCoVE Project intro video: https://www.youtube.com/watch?v=q5UTeEHiUfg
SEBCoVE Project Web Site: https://sebcove.eu/sebcove/

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостовски: За Кочани мора да има правда, без заштита на блиските до власта!
Следно соопштениеБитиќи: Владата ја крие вистинската состојба со јавниот долг