БИТОЛА ЈА ОТВОРА ЗИМСКАТА ПРИКАЗНА – ПРАЗНИЧНА МАГИЈА ШТО ЌЕ ГО РАЗДВИЖИ ГРАДОТ И ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА!

2

Со официјална прес-конференција, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и директорот на Културно – информативниот центар, Благојче Божиновски го најавија почетокот на Зимската Приказна 2024, која ќе трае од 20 декември до 6 јануари. Со нови атракции, празнична атмосфера и привлечна туристичка понуда, Битола оваа година е подготвена да го привлече вниманието на туристите од цела Македонија и регионот. Зимска Приказна – Поддршка за локалната економија Годинава, акцентот на Зимска Приказна е ставен на поддршката за локалните трговци, угостители и хотелиери. Очекувањата се дека зголемената посетеност на туристи и граѓани ќе има директно позитивно влијание врз локалната економија. „Зимската Приказна е повеќе од празнична програма – таа е можност за Битола да го покаже својот туристички потенцијал. Нашата цел е сите трговци, угостители и хотелиери во градот да почувствуваат економска придобивка. Празничната сезона е шанса за развој на локалниот бизнис, зголемување на прометот и привлекување на нови туристи,“ изјави градоначалникот Тони Коњановски. Преку зголемување на посетеноста во ресторани, кафулиња, продавници и сместувачки капацитети, се очекува Битола да ја зацврсти својата позиција како туристичка дестинација во зимскиот период. „Имаме прекрасна 18 дневна програма исполнета со различни настани, кои сигурен сум дека ќе привлечат интерес кај сите генерации, зошто токму такви се и програмските содржини. Годинава имаме слоган, кој гласи „Празниците живеат во Битола на Зимска приказна“, зошто токму во овие празнични денови, Битола ќе биде вистинска бајка во која ќе се одиграат повеќе театарски претстави, ќе се случуваат детски музички настани, а секако имаме и добри изведувачи, кои ќе ја исполнат и […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Груби или тоа ќе го направи СДСМ
Следно соопштениеИнформација за извлекување на групите за 25th IHF Men’s Junior World Championship, W19 и W17 EHF EURO 2025 – Ракометна Федерација на Македонија