„Празниците живеат во Битола на Зимска приказна“ – фестивалот кој ја претвора Битола во празнична туристичка атракција од 20 декември до 6 јануари. Битола оваа зима ќе заблеска во празничен сјај со нова и досега невидена атракција – професионално лизгалиште кое ќе биде поставено на амбиенталниот плоштад Магнолија. Оваа централна атракција ќе го означи и официјалното отворање на годинешната Зимска приказна под слоганот „Празниците живеат во Битола на Зимска приказна“, која ќе трае од 20 декември до 6 јануари. Лизгалиштето ќе биде достапно за сите граѓани и посетители на градот во текот на еден цел месец, нудејќи забава и зимска магија за сите генерации. Според најавите од Општина Битола и ЈП „Паркинзи“, подготовките за поставување на оваа празнична инсталација започнуваат овој викенд. Во овој период, граѓаните се замолуваат за трпение и разбирање, бидејќи просторот околу плоштадот ќе биде привремено адаптиран за техничките подготовки и монтажата на лизгалиштето. „Со гордост најавуваме дека Битола оваа година добива уште подобра празнична магија која ќе го привлече вниманието на граѓаните и туристите. Лизгалиштето ќе биде отворено за сите генерации, носејќи забава и незаборавни празнични моменти. Ова е само дел од искуството што го нуди Зимска приказна – фестивал кој ја надминува локалната димензија и ја промовира Битола како празнична туристичка атракција,“ изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на заедничката прес конференција со директорот на ЈП „Паркинзи“, Зоран Михајловски. Покрај лизгалиштето, Зимска приказна ќе понуди богата програма со празнични активности и содржини кои ќе го исполнат духот на празниците. Внимателно осмислените декорации, музиката во […]
Извор на соопштението