Бизнис амбиентот во Македонија со Орце Симов и Ромео Костадинов – “Да си кажеме”, Тв Телма

6
Бизнис амбиентот во Македонија со Орце Симов и Ромео Костадинов – “Да си кажеме”, Тв Телма

Потпретседателите на Сојузот на стопански комори на Македонија, проф.д-р. Орце Симов, претседател на ИКТ комората и Ромео Костадинов, претседател на Комората на сметководители, финансиери и даночни советници, гости во утринската програма на Тв Телма, каде се разговараше за бизнис амбиентот во Македонија.

– Системот таков каков што е сега неможе да генерира раст од најмалку 7% кој ни е потребен за да го удвоиме БДП за 10 години. Треба коренито и структурно да се реформира.

– За да има поголем економски раст и развој ни требаат иновации. За да има иновации мора да има подобро образование. Образованиоето е клучен фактор кој мора да се подобри.

– Државните институции мора дигитално да се трансформираат. Да се реобмислат сите процеси и функции кои во нив се извршуваат и потоа да се изработат информациони системи врз база на новите модели на работа.

– За потребите на државната управа и дигиталната трансформација да се изгради државен дата центар со 1 DRC во Битола.

Повеќе на линкот https://www.youtube.com/watch?v=460mY6wriKU

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМАКЕДОНСКАТА СТРЕЛАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ВО РАМКИ НА СПОРТСКАТА САЛА „ПАРТИЗАН“
Следно соопштениеМИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ УЧЕСТВУВА НА 74. РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК НА СЗО