БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ВРЕДНИТЕ РАЧИЊА НА ДЕТСКИОТ ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ

131
БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ВРЕДНИТЕ РАЧИЊА НА ДЕТСКИОТ ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ

Во организација на Детскиот ликовен центар, во соработка и покровителство на Општина Карпош, денеска се одржа детски ликовен хепенинг во дворот на библиотеката ,,Другарче”.  Вредните и талентирани рачиња на децата од четирите градинки на територија на Општина Карпош, ги насликаа своите шарени дела, а притоа се закитија со дипломи за учество на ликовниот хепенинг.  Имагинацијата на децата е зачудувачка, од прекрасните цртежи неможеше да се избере кој е најубав.

                Харалампије Манчев, од Детскиот ликовен центар, додели благодарница до раководителката на Секторот за детска, здравствена и социјална заштита, Гордана Зафировска, како претставник од Општина Карпош, за неуморната поддршка и вложување за ваквите настани, а вработените од детските градинки добија благодарници за учество на овогодинешниот традиционален ликовен хепенинг.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКонкурс за избор на стручни лица, тренери во  ДСУ  Спортска Академија – Скопје – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеМуцунски: ВМРО-ДПМНЕ е народот, претседателот Мицкоски ја има мојата целосна поддршка да ја предводи партијата до победа на следните избори и ќе ја формира идната влада во Македонија