Бобан Илиоски стана светски про-првак во кик-бокс

119
Бобан Илиоски стана светски про-првак во кик-бокс

Бобан Илиоски го победи актуелениот светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES, турчинот Берк Дузенли и стана професионален светски првак во Кикбокс. Во синоќешниот спектакл кој се одржа во Олимпискиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, Бобан со одлука на судиите 2-1 ја освои титулата Светски про-првак во Кик Бокс.

Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија, а за време на овој настан, претседателот на КикБокс МаиТаи федерацијата на Македонија Дејан Митревски му додели признанание на Претседателот на МОК, Даниел Димевски за несебичната поддршка и за унапредување на Кик Боксот и МаиТаи спортовите во Македонија, но и на меѓународно ниво.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има, масовна излезност за народот да си ја врати државата
Следно соопштениеУчесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски