БОЈАДИСУВАЊЕ НА УЧИЛНИЦИТЕ ВО ООУ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

152
БОЈАДИСУВАЊЕ НА УЧИЛНИЦИТЕ ВО ООУ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Во пресрет на новата учебна година во основните училишта низ Карпош, забрзано се одвиваат низа занаетчиски активности, со кои се вршат поправки на школските објекти, како би се подобриле условите за основците кои треба непречено да го следат образовниот процес. Во таа насока денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски го посети ООУ „Војдан Чернодрински“, каде направи увид во молерофарбарските работи кои се одвиваат во оваа училишна установа.

 

  • И основното училиште „Војдан Чернодрински“ го подготвуваме за стартот на новата учебна година, имајќи во предвид дека се работи за едно од постарите училишта на територија локалната самоуправа, па би рекол и во главниот град. Реконструкцијата на внатрешниот дел секако дека е многу потешка, што значи дека има делови кои се стругаат, се глетуваат, па потоа се бојадисуваат со боја којашто е антибактериска. Тоа е од особена важност за основците кои ќе присуствуваат во овие простории. Со средствата коишто ги издвоивме за оваа година, ќе направиме половина училиште, а се надевам дека ќе обезбедиме и средства за другата половина, или со ребалансот на општинскиопт буџет, или пак за наредната 2024 година – посочи Јакимовски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеБашибозлукот на командирот кој пукаше со калашников на веселба, покажува што направил Спасовски од полицијата – затоа треба ОСТАВКА
Следно соопштение26-та Седница на Советот на Општина Кисела Вода