БОСАНСКИОТ ВЕЛЕМАЈСТОР ДЕНИС КАДРИЌ ПОБЕДНИК НА ШАХОВСКИОТ ТУРНИР „КАРПОШ РАПИД 2025“

114
БОСАНСКИОТ ВЕЛЕМАЈСТОР ДЕНИС КАДРИЌ ПОБЕДНИК НА ШАХОВСКИОТ ТУРНИР „КАРПОШ РАПИД 2025“

Со освоени осум поени, босанскиот Велемајстор Денис Кадриќ е победникот на овогодинешниот меѓународен турнир во забрзан шах „Карпош Рапид 2025“, кој се одигра викендов во свечената сала на хотелот „Александар Палас“. Второто и третото место со освоени 7½ поени им припадна на македонските Интернационални мајстори Ристески Емил и Лазов Тони, додека пак четвртата позиција со 7 поени ја обезбеди Интернационалниот мајстор Ндерим Сарачи. Со идентичен број на поени (7), на петтата позиција се пласираше Фиде мајсторот Андреј Велјаноски, на шестата Кандидат мајсторот Мухамет Аслани, а на седнмата шахистот Љубомир Данов.

                Од осмата до десеттата позиција со освоени 6½ поени се пласираа Интернационалниот мајстор Никола Николовски, и Велемајсторите Петар Г. Арнаудов и Горан М. Тодоровиќ.

                Специјални награди освоија и петорица шахисти во различни категории. Имено, во категоријата најдобар женски играч со освоени 6 поени се пласираше женскиот Велемајстор, Белослава Крастева, со исто толку поени Благоја Миновски беше најуспешен во категоријата Најмлад играч под 18 години. Со освоени 6½ поени, Интернационалниот мајстор Бедри Садику беше најдобар во категоријата Ветерани над 65 годишна возраст, а Атанасов Ацо со освоени 6 поени заслужено ја зема наградата во категоријата Најдобар играч без титула под 2100 рејтинг поени. Шахистот Арлинд Јонузи со освоени 5½  поени беше најдобар во категоријата  Најдобар играч без титула под 1900 рејтинг поени  .

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтрумица ги живее карневалските денови
Следно соопштениеСДСМ поддржува 500 евра минимална плата