Божинов: Очигледно е лицемерието на СДС, нивната влада спојува концесии, а нивните локални раководства пред народот глумат загрижени граѓани

176
Божинов: Очигледно е лицемерието на СДС, нивната влада спојува концесии, а нивните локални раководства пред народот глумат загрижени граѓани

Со големо внимание ја следам дебатата околу прашањето за рудниците.

Морам да кажам дека забележително е и лицемерието на власта, особено на СДС, чија влада дели и спојува концесии, а чии пратеници, и локални раководства, пред народот глумат загрижени граѓани, па уште ме повикуваат да се изјаснам.

Ќе беше многу попрoдуктивно, истото тоа да го направеа и да побараа став од нивната влада во моментот кога носеше одлуки за спојување на концесиите и кога се исполнуваше апетитетот на ДУИ, компанијата на Дестани, Еколог да влезе во сопствеништвото на рудникот Иловица.

Да бидеме на јасно, јас сега и секогаш ќе бидам против секој кој ќе работи против здравјето на моите граѓани.

Јас сега и секогаш ќе бидам против секој кој ќе ги крши законите и ќе прави пари на грбот на граѓаните. И сега кога јасно ги кажувам моите позиции, јавно ќе ги повикам пратениците и локалните раководства на СДС да ја повикаат нивната влада да одговори:

Зошто досега не се одзема едната концесија за експлоатација на Еуромакс?

Зошто наместо тоа, Владата донесе одлука за спојување на двете концесии во една од кои едната од нив е неважечка?

Дали колегите од СДС ќе се придружат кој мојот апел до истражните органи дека е потребно сериозно да се позанимаваат со ваквиот грабеж на природните богатства на Република Македонија!

ДУИ нарачува, СДС исполнува.

Да знаете секогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со народот.

Нема да дозволам нашата општина, да стане ваш бизнис.

https://www.facebook.com/gjorgjebozhinov/posts/pfbid0dEVoVshhW2U8LN6YA1VbKnbvsBoB6CeFiNWh1eHc17CPhdc6W3VrGt4jdsASJWGhl

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОпштина Кисела Вода ги пере контејнерите на своја територија
Следно соопштениеПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ПРЕКУ ПОДДРШКА НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КОПАНКИ, АВАНТУРИСТИЧКИОТ ПАРК НА ПЕЛИСТЕР И ИЗГРАДБА НА КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ, ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА