Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/soopstenie/public_html/wp-includes/functions.php on line 6170

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /home/soopstenie/public_html/wp-includes/functions.php:6170) in /home/soopstenie/public_html/wp-includes/feed-rss2.php on line 8
СПОРТ Archives - SOOPSTENIE.mk https://soopstenie.mk/category/sport/ Платформа за објава на соопштенија Mon, 01 Jun 2026 22:24:02 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.0 РК Еурофарм Пелистер – Стерјев: Зад себе оставаме лоша сезона, но со Лино пак ќе ги нападнеме домашните трофеи https://soopstenie.mk/rk-eurofarm-pelister-sterjev-zad-sebe-ostavame-losha-sezona-no-so-lino-pak-kje-gi-napadneme-domashnite-trofei/ Mon, 01 Jun 2026 22:24:02 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48464 Еурофарм Пелистер отвори ново поглавје со ангажманот на трофејниот стратег Лино Червар, со кој потпиша договор на две сезони. Претседателот на клубот што трипати по ред беше шампион на Македонија, Зоран Стерјев, смета дека неговиот ангажман ќе донесе многу позитивни работи за битолчани. „Отвораме ново поглавје во длабоката и голема историја на овој клуб, со […]

The post РК Еурофарм Пелистер – Стерјев: Зад себе оставаме лоша сезона, но со Лино пак ќе ги нападнеме домашните трофеи appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>

Еурофарм Пелистер отвори ново поглавје со ангажманот на трофејниот стратег Лино Червар, со кој потпиша договор на две сезони. Претседателот на клубот што трипати по ред беше шампион на Македонија, Зоран Стерјев, смета дека неговиот ангажман ќе донесе многу позитивни работи за битолчани.

„Отвораме ново поглавје во длабоката и голема историја на овој клуб, со кое што ќе ја трасираме иднината да биде уште поубава, поуспешна. Сметам дека изборот на Лино Червар е вистинскиот избор, којшто ќе ни помогне на овој пат. Со господинот Червар ние веќе неколку години сме во интензивен меѓусебен контакт. Како и за сè во животот, така и за оваа работа требаше да се спојат сите „коцки“ и да се усогласиме за наша соработка, на која јас сум исклучително горд и задоволен.

Сметам дека ангажманот на Червар ќе биде од неколкукратно позитивно значење, пред сè заради стабилноста која ќе ја добие првата екипа. Ние се усогласивме меѓу другото дека во животот процесот на учење е доживотен и дека сите треба да учиме, секој од секого и на тој начин да се воздигнуваме и да одиме напред. Јас сум убеден дека сите ние во клубот ќе имаме што да научиме од знаењето и искуството на Лино Червар. За првата екипа тоа ќе значи огромна стабилност, она што и сега во моментот Червар го кажува, ќе бидеме поразлични од сите. Тоа е возбудата што и кај мене се подигнува на највисоко ниво.

Она што особено ме радува со овој стручњак е што ќе придонесе за „раѓање“ на нови играчи на овие простори. Ние во клубот имаме одлични младински, кадетски, пионерски школи. Еурофарм Пелистер 2 исто така работи на развој на нови играчи, меѓутоа неговото искуство и тоа како ќе помогне за дел од играчите, големите таленти, се преточат во светски ракометари и лидери. Сите ќе имаат придобивки и клубот и градот и играчите.

Очекувањата се големи, амбициите како и секогаш се на највисоко ниво. Зад себе оставивме една прилично стресна сезона, за која што сè уште ќе ни треба време за целосна евалуација да ги донесеме крајните заклучоци. Не бевме успешни во остварувањето и реализацијата на целите кои ги поставивме пред себе и за тоа треба да бидеме свесни и реални и да ги пронајдеме причините зошто тоа не се направи, затоа што само на таков начин ќе може да се вратиме кон реализацијата на високите цели. За следната сезона тоа се „двојната круна“ во Македонија и што е можно подобар настап во Европа.

Со оглед на тоа што како играчки потенцијал што го имаме и стручноста на стручниот штаб, на чело со Червар, мислам дека тие зацртани цели се реалност и дека со една макотрпна работа и професионалност, ќе успееме во наредната година повторно трофеите од македонското првенство и Куп да ги вратиме во нашиот град и пак да бидеме ракометен центар во Европа, терен на којшто и најголемите екипи тешко ќе можат да ги остварат своите цели“, изјави Стерјев.

Еурофарм Пелистер во новата сезона на домашна сцена влегува како вицешампион, ќе игра во регионалната лига, додека во Европа ќе настапи во групната фаза од второто по ранг натпреварување на ЕХФ, Европската лига.



Извор на соопштението

The post РК Еурофарм Пелистер – Стерјев: Зад себе оставаме лоша сезона, но со Лино пак ќе ги нападнеме домашните трофеи appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
РК Еурофарм Пелистер – Червар: Пелистер е најракометното име во Македонија, тука ќе ја завршам кариерата https://soopstenie.mk/rk-eurofarm-pelister-chervar-pelister-e-najrakometnoto-ime-vo-makedonija-tuka-kje-ja-zavrsham-karierata/ Mon, 01 Jun 2026 17:19:02 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48461 Детали Понеделник, Јуни 01, 2026 Лино Червар е во Битола, каде што и официјално беше промовиран во нов тренер на Еурофарм Пелистер. Искусниот хрватски стратег по речиси една деценија се враќа да работи во Македонија, најавувајќи дека ова ќе биде негов последен тренерски предизвик во неговата богата кариера. „Чест ми е да работам во Битола, […]

The post РК Еурофарм Пелистер – Червар: Пелистер е најракометното име во Македонија, тука ќе ја завршам кариерата appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>

Лино Червар е во Битола, каде што и официјално беше промовиран во нов тренер на Еурофарм Пелистер. Искусниот хрватски стратег по речиси една деценија се враќа да работи во Македонија, најавувајќи дека ова ќе биде негов последен тренерски предизвик во неговата богата кариера.

„Чест ми е да работам во Битола, град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата кариера. Пред тоа одлучив дека на сè му доаѓа крајот, а тоа е најубаво во градот каде што ракометот е религија. Има луѓе кои сакаат спорт, да го работиш она што го сакаш е најголемата среќа на човекот. Видов дека постои желба кај луѓето од Битола да дојдам и го прифатив тоа“, рече Червар.

Хрватот многу добро ги знае ракометните случувања во Македонија и знае дека пред него и пред „зелено-белите“ ќе има голем предизвик во следната сезона.

„Поздрав за сите поранешни тренери, играчи кои играле за Еурофарм Пелистер, тоа за мене е најголемото ракометно име во Македонија. Имам тешка задача, конкуренцијата е голема, ама мораме да одиме позитивно. Мора да ги пофалиме конкурентите, Вардар, кој се разбуди и оди со крупни чекори, потоа и Охрид, кој освои европска титула, мора да бидеме пријатели и да соработуваме, ама да има и борба. Ние сме една фамилија, ќе дадеме сè од себе и да ја оправдаме довербата“, додаде новиот тренер на Еурофарм Пелистер.

Подготовките за новата сезона битолскиот клуб ќе ги започне на 26 јули.



Извор на соопштението

The post РК Еурофарм Пелистер – Червар: Пелистер е најракометното име во Македонија, тука ќе ја завршам кариерата appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
РК Еурофарм Пелистер – Лино Червар претставен како нов тренер на Еурофарм Пелистер! https://soopstenie.mk/rk-eurofarm-pelister-lino-chervar-pretstaven-kako-nov-trener-na-eurofarm-pelister/ Mon, 01 Jun 2026 16:16:59 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48458 Детали Понеделник, Јуни 01, 2026 Со презентација и официјална прес-конфернција денес започна ерата на Лино Червар во Битола. Хрватскиот стручњак беше претставен пред многубројните медиуми и за првпат позираше со дресот на Еурофарм Пелистер. Тој истакна дека доаѓа мотивиран во најголемиот македонски клуб и ветува беспрекорна работа. На првиот чин на Червар во Битола присуствуваа […]

The post РК Еурофарм Пелистер – Лино Червар претставен како нов тренер на Еурофарм Пелистер! appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>

Со презентација и официјална прес-конфернција денес започна ерата на Лино Червар во Битола. Хрватскиот стручњак беше претставен пред многубројните медиуми и за првпат позираше со дресот на Еурофарм Пелистер.

Тој истакна дека доаѓа мотивиран во најголемиот македонски клуб и ветува беспрекорна работа. На првиот чин на Червар во Битола присуствуваа и неговите соработници во стручниот штаб. Червар ќе прозива во Битола на 26 јули, а екипата покрај во Битола ќе се подготвува во Словенија.

Червар остави неизбришлив белег во историјата на македонскиот спорт како стратег на Металург. Под негово водство, клубот од Автокоманда од Скопје двапати стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, во 2014 и 2015 година, во време кога целата земја живееше за ракометот. По таа епизода, тој кратко време ја водеше репрезентацијата на Македонија, а потоа се врати на хрватската клупа.

Во својата исклучително богата кариера, Червар го освои златниот медал со Хрватска на Олимписките игри во Атина во 2004 година, светското злато во Португалија во 2003 година и бројни други европски награди. Со Металург, тој беше четири пати државен шампион и три пати го освои Купот, а се сеќава и на вицешампионската титула во премиерното издание на СЕХА лигата во сезоната 2011/2012.



Извор на соопштението

The post РК Еурофарм Пелистер – Лино Червар претставен како нов тренер на Еурофарм Пелистер! appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
РК Еурофарм Пелистер – Пораз во пелагониското дерби и осмо место на крајот на Суперлигата за Еурофарм Пелистер 2 https://soopstenie.mk/rk-eurofarm-pelister-poraz-vo-pelagoniskoto-derbi-i-osmo-mesto-na-krajot-na-superligata-za-eurofarm-pelister-2/ Sun, 31 May 2026 18:59:48 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48430 Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со пораз ја завршија авантурата во плеј-аутот на македонската Суперлига, откако загубија од Прилеп на домашен терен со 24-28 (12-14). Гостинскиот тим одигра подобар натпревар, имаше два гола предност на паузата (12-14), а во второто полувреме стави во уште посилна брзина, не дозволувајќи им на битолчани да се вратат во […]

The post РК Еурофарм Пелистер – Пораз во пелагониското дерби и осмо место на крајот на Суперлигата за Еурофарм Пелистер 2 appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со пораз ја завршија авантурата во плеј-аутот на македонската Суперлига, откако загубија од Прилеп на домашен терен со 24-28 (12-14). Гостинскиот тим одигра подобар натпревар, имаше два гола предност на паузата (12-14), а во второто полувреме стави во уште посилна брзина, не дозволувајќи им на битолчани да се вратат во резултатска смисла.

Имаше Прилеп во еден момент и осум гола позитива, јасно ставајќи до знаење дека е поквалитетен тим. На крајот, конечниот резултат гласеше , а најдобар поединец кај победниците беше Димитар Димитриоски со десет погодоци. Кај домашниот тим, добар настап имаше Петар Марковски, кој постигна седум голови.

Ракомет

Суперлига 2025/26

Плеј-аут – десетто коло

Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 24-28 (12-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола

Гледачи: 300

Судии: Александар Шуковски и Иван Илиевски

Еурофарм Пелистер 2:

Јовановски, Младенов, Марковски 7, Лозановски 1, Гичев 1, Даневски, Велески, Митревски 2, Шулевски 7, Лазаревски, А. Фехми 1, Дамчевски, Пецаковски, Славков 1, Одифред Баптист 4

Седмерци: 3/2

Исклучувања: 8 минути

Прилеп:

Ангелески, Ивчевски, Тренчевски 3, Кастратовиќ 2, Рајатовски 2, Шипинковски, Крстески 2, Илиески 2, Димитриоски 10, Шабановиќ 6, Цветаноски, Столески, Ѓорѓиевски 1, Соколески

Седмерци: 7/5

Исклучувања: 4 минути

Екипата на Еурпфарм Пелистер 2 го заврши плеј-аутот на второто место, зад Прилеп, и вкупно е осмопласирана во Суперлигата за сезоната 2025/26. И следната сезона овој млад тим ќе игра во елитната категорија.



Извор на соопштението

The post РК Еурофарм Пелистер – Пораз во пелагониското дерби и осмо место на крајот на Суперлигата за Еурофарм Пелистер 2 appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер слави во дербито со Алкалоид и сезоната ја завршува како вицешампион https://soopstenie.mk/rk-eurofarm-pelister-eurofarm-pelister-slavi-vo-derbito-so-alkaloid-i-sezonata-ja-zavrshuva-kako-viceshampion/ Sat, 30 May 2026 12:01:32 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48403 Еурофарм Пелистер ја заврши својата „домашна задача“ и со победа во последното коло против Алкалоид со 31-26 (14-15) го завери второто место. На битолскиот тим му требаше било каква победа против Алкалоид за да ја добие битката за второто место со Охрид, а до такво нешто дојде благодарение на далеку подобрата игра во вториот дел. […]

The post РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер слави во дербито со Алкалоид и сезоната ја завршува како вицешампион appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>

Еурофарм Пелистер ја заврши својата „домашна задача“ и со победа во последното коло против Алкалоид со 31-26 (14-15) го завери второто место.

На битолскиот тим му требаше било каква победа против Алкалоид за да ја добие битката за второто место со Охрид, а до такво нешто дојде благодарение на далеку подобрата игра во вториот дел. Домаќините направија исчекор во вторите 30 минути и постигнаа 17 голови во мрежата на Алкалоид, па така стигнаа и до комотна победа од пет разлика. Филип Кузмановски беше најдобар стрелец кај победникот со седум гола, а голем удел во победата имаше голманот Саид Хаидаридад кој забележа осум интервенции во второто полувреме. Кај Алкалоид, Дамјан Митев постигна седум гола, додека Филип Николов погоди пет пати.

Благодарение на подобриот меѓусебен дуел, Еурофарм Пелистер заврши пред Охрид како вицешампион во македонскиот ракомет, па така битолчани догодина ќе бидат дел од второто по ранг европско натпреварување.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф – десетто коло

Еурофарм Пелистер – Алкалоид 31-26 (14-15)

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хеидарирад, Манасков 1, Видомски 4, Ристевски, Тајник 6, Граховац, Хенигман 1, Радивојевиќ 3, Кузмановски 7, Абутовиќ, Калајџиоски, Петар Атанасијевиќ 5, Пешевски 1, Хосни 1, Павле Атанасијевиќ 2
Седмерци: 10/6
Исклучувања: 10 минути

Алкалоид:
Галевски, Николовски, Џонов 1, Тордарсон, Стојковиќ 4, М. Митев 4, Ѓорѓиев, Велковски, Симоноски, Ненад Костески 1, Петковски, Д. Митев 7, Борзаш 4, Аларов, Николов 5, Ѓорговски
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 12 минути

Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2025/26 на второто место и ќе игра следната сезона во Европската лига на ЕХФ.



Извор на соопштението

The post РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер слави во дербито со Алкалоид и сезоната ја завршува како вицешампион appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
ПЛЕЈ ОФ ПОСЛЕДНО КОЛО: БУТЕЛ – ВАРДАР 1961 https://soopstenie.mk/plej-of-posledno-kolo-butel-vardar-1961/ Thu, 28 May 2026 07:39:55 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48352 The post ПЛЕЈ ОФ ПОСЛЕДНО КОЛО: БУТЕЛ – ВАРДАР 1961 appeared first on rkvardar.com.mk. Извор на соопштението

The post ПЛЕЈ ОФ ПОСЛЕДНО КОЛО: БУТЕЛ – ВАРДАР 1961 appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
The post ПЛЕЈ ОФ ПОСЛЕДНО КОЛО: БУТЕЛ – ВАРДАР 1961 appeared first on rkvardar.com.mk.

Извор на соопштението

The post ПЛЕЈ ОФ ПОСЛЕДНО КОЛО: БУТЕЛ – ВАРДАР 1961 appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
РК Еурофарм Пелистер – Андреј Георгиев е нов играч на Еурофарм Пелистер 2 https://soopstenie.mk/rk-eurofarm-pelister-andrej-georgiev-e-nov-igrach-na-eurofarm-pelister-2/ Wed, 27 May 2026 07:51:29 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48310 Детали Среда, Мај 27, 2026 Битолчанецот Андреј Георгиев од наредната сезона (три години) ќе тресе мрежи за Еурофарм Пелистер 2. Кадетскиот репрезентативец кој оваа година доминираше на позицијата десно крило и скоро на секој натпревар кој го одигра беше најдобар стрелец. Еурофарм Пелистер 2 во изминатите години прерасна во вистинска база за развој на млади […]

The post РК Еурофарм Пелистер – Андреј Георгиев е нов играч на Еурофарм Пелистер 2 appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>

Битолчанецот Андреј Георгиев од наредната сезона (три години) ќе тресе мрежи за Еурофарм Пелистер 2. Кадетскиот репрезентативец кој оваа година доминираше на позицијата десно крило и скоро на секој натпревар кој го одигра беше најдобар стрелец.

Еурофарм Пелистер 2 во изминатите години прерасна во вистинска база за развој на млади македонски ракометари, а клубот и ова лето активно работи на создавање конкурентен и млад тим. Потписот на Андреј Георгиев претставува нов чекор во неговата кариера и можност за дополнителен напредок во еден од најорганизираните ракометни системи во Македонија.



Извор на соопштението

The post РК Еурофарм Пелистер – Андреј Георгиев е нов играч на Еурофарм Пелистер 2 appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
РК Еурофарм Пелистер – Даневски и Митревски блеснаа, Еурофарм Пелистер 2 ја освои Струга https://soopstenie.mk/rk-eurofarm-pelister-danevski-i-mitrevski-blesnaa-eurofarm-pelister-2-ja-osvoi-struga/ Mon, 25 May 2026 18:02:59 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48270 Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето кај екипата на Струга во резултатски неважен натпревар со убедливи 29-40. По првото полувреме избраниците на Александар Зарков имаа плус четири, 20-16, и ја имаа контролата на теренот. Во вториот дел, доминираа уште повеќе и не му дозволија на домаќинот во ниту еден момент да се надева на нешто […]

The post РК Еурофарм Пелистер – Даневски и Митревски блеснаа, Еурофарм Пелистер 2 ја освои Струга appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>

Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето кај екипата на Струга во резултатски неважен натпревар со убедливи 29-40. По првото полувреме избраниците на Александар Зарков имаа плус четири, 20-16, и ја имаа контролата на теренот. Во вториот дел, доминираа уште повеќе и не му дозволија на домаќинот во ниту еден момент да се надева на нешто повеќе од овој натпревар.

Најефикасни во победничкиот состав беа Даневски и Митревски со по девет погодоци, додека Маркоски додаде седум гола. Во тимот на Струга се истакнаа крилните ракометари, Костов со осум и Костоски со седум реализации.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-аут – деветто коло

Струга – Еурофарм Пелистер 2 29-40 (16-20)

Спортска сала „Нико Нестор“ – Струга
Гледачи: 100
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Струга:
Тутенкоски, Пејоски, Пајкоски, Мечкароски 4, Костов 8, Клењоски 1, Шукрески 1, Симоноски 4, Ферукоски, Алиша 1, Ѓоргоски, Костоски 7, Савески 1, Мејдоуб 2
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Јовановски, Младенов, Марковски 7, Лозановски, Гичев 2, Даневски 9, Велевски, Митревски 9, Шулевски 3, Лазаревски 4, А. Фехми, Дамчевски 2, Пецаковски 3, Славков, Одифред Баптист 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 2 минути

Во последното десетто коло Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Прилеп.



Извор на соопштението

The post РК Еурофарм Пелистер – Даневски и Митревски блеснаа, Еурофарм Пелистер 2 ја освои Струга appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
РК Еурофарм Пелистер – Босанскиот среден бек Мехмедовиќ потпиша за Еурофарм Пелистер https://soopstenie.mk/rk-eurofarm-pelister-bosanskiot-sreden-bek-mehmedovikj-potpisha-za-eurofarm-pelister/ Mon, 25 May 2026 17:01:00 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48267 Детали Понеделник, Мај 25, 2026 Еурофарм Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на нашиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион. Мехмедовиќ е […]

The post РК Еурофарм Пелистер – Босанскиот среден бек Мехмедовиќ потпиша за Еурофарм Пелистер appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>

Еурофарм Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на нашиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион.

Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница во словенечкиот шампионат.

Официјалното претставување на Мехемдовиќ е закажано на почетокот од подготовките за сезоната 2026/27.



Извор на соопштението

The post РК Еурофарм Пелистер – Босанскиот среден бек Мехмедовиќ потпиша за Еурофарм Пелистер appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер потпиша со најдобриот стрелец во словенечкиот шампионат https://soopstenie.mk/rk-eurofarm-pelister-eurofarm-pelister-potpisha-so-najdobriot-strelec-vo-slovenechkiot-shampionat/ Sat, 23 May 2026 14:56:14 +0000 https://soopstenie.mk/?p=48221 Детали Сабота, Мај 23, 2026 Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер. Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за […]

The post РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер потпиша со најдобриот стрелец во словенечкиот шампионат appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>

Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер.

Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема кариера и сигурен напредок. Тој е роден во Целје, се афирмира во Горење Велење, а ги мина и сите младински категории на словенечката репрезентација. Татар се обврза на двегодишен договор со нашиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона.

Татар, кој е најдобар стрелец во актуелниот шампионат на Словенија, е петто засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2025/26 по Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.



Извор на соопштението

The post РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер потпиша со најдобриот стрелец во словенечкиот шампионат appeared first on SOOPSTENIE.mk.

]]>