ЧЕСТИТ ПАТРОН ПРАЗНИК ОУ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

127

Со посебна свеченост, основното училиште „Свети Кирил и Методиј“, го одбележа својот патрон празник. На настанот, директорката на училиштето, Жанета Тошевска, им додели награди и признанија за учениците кои во изминатиот период покажале посебни достигнувања од областа на природните науки и истражувачката дејност, за придонес во училишниот спорт и други области. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во својата честитка по повод  патрониот празник на училиштето и големиот празник – Денот на сесловенските просветители, Браќата „Свети Кирил и Методиј“, им честита на сите наставници за нивната голема заложба и посветеност во работата со учениците, а на најмладите им порача да продолжат да напредуваат, да го надградуваат своето знаење, за да станат интелектуално силни личности кои ќе дадат сопствен влог во напредокот на својот град и својата држава.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОТВОРЕНО 43 ИЗДАНИЕ НА „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“ И 42 СВЕТСКА ДЕТСКА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА
Следно соопштениеМицкоски: Следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати – Македонија се враќа на народот, да се обединиме под истото знаме за да работиме за заедничката иднина