Четврта победа за Вардар во плејофот

73
Четврта победа за Вардар во плејофот

Вардар ја забележа четвртата победа во разигрувањето за титулата, откако со 32-24 го победи Тиквеш. Ова беше 11. победа по ред за нашиот тим во првенството, и остануваме на втората позиција на табелата.

Победникот беше решен за осум минути, односно тогаш беше направена предноста која беше клучна за конечниот исход на мечот и триумфот на Вардар. Од 22. до 30 минута Вардар имаше серија од 6-0 и „избега“ на 16-9.

Вардар беше без седум првотимци: Еспиња, Георгиевски, Срдановиќ, Коиј, Мело, Крсманчиќ и Стаменковиќ.

Изненадувачки на почетокот Тиквеш имаше и водство, 5-3, а потоа Вардар направи пресврт, но таа разлика од 1-2 гола за домашните остана се до 22 минута. Тогаш Гчевиќ последен пат намали на „минус 1“ за 10-9, и се разбуди Вардар, по што лседуваше серија со која скопјани зголемија на 16-9. Со таа серија беше најавено кој ќе победи.

Второто полувреме изгледаше формалност, бидејќи Вардар ја имаше контролата на резултатот. Во 44 минута предност се искачи на „плус 9„ за водство 25-16 за Вардар. Десетката „пукна“ кога Марио Стојановски од контра погоди за водствпо 28-18, а потоа и Милан Лазаревски за 29-18. Тоа беше најава дека на 10 минути до крај на мечот веќе се е решено.

ВАРДАР – Тиквеш 32-24 (16-10)
ВАРДАР: М. Стојановски 2, Јагуриновски 1, Аларов 1, Т.Стојановски 1, Родригез 4, Танкоски 3, Лазаревски 1, Горига 2, Николиќ 3, Петриќ 7, Маргели 3, Пинто 3, Ќосевски 1.

 

📷 Вардар – Тиквеш плејоф

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Лесно победен Драчево, Еурофарм Пелистер 2 реди победи во Првата лига
Следно соопштениеЈавна реакција: Здравјето, заштитата од насилство и дискриминација на младите не се приоритет за Владата и мнозинство на пратеници