ЧЕТВРТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД КАРПОШ НАГРАДЕНИ ВО БЕРЛИН

2
ЧЕТВРТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД КАРПОШ НАГРАДЕНИ ВО БЕРЛИН

Основците од ООУ „Лазо Трповски“ постигнаа голем успех, освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Станува збор за заеднички проект насловен како „Нашето патување на Јупитер“, којшто го изработија учениците од 4а одделение во кооординација со двајцата наставници Ирена Грегориќ и Стефан Симовски.

                Ова елитно интернационално натпреварување го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија. Како дел од организационата структура на натпреварот се јавуваат и Сојузната конференција за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник АД, како и концернот ЕАДС (во чии рамки влегува и познатиот производител на патнички авиони „Ербас“).

                 Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение годинава ја донесе деветчлено стручно жири составено од претставници на организаторот Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин, универзитетски професори (астрофизичари), наставници, германски владини претставници, германски парламентарци, медиумски работници и претставници на концернот Ербас.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКошта јасно кажа – уставните измени се единствениот пат, Мицкоски ги лажеше граѓаните
Следно соопштениеНа денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев