ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛСКАТА МРЕЖА ВО КРКЛИНО, ПОРОДИН И ДРАГОШ ВО ДОЛЖИНА ОД 2950 МЕТРИ

11

Општина Битола, покрај инфраструктурните активности во урбаниот дел на општината, продолжува и со континуирана грижа за руралните средини. На барање на жителите, а согласно склучениот договор со изведувачот „ЗИМАК“ ДООЕЛ Битола, во вредност од 530.587 денари,  општината започна со машинско чистење на каналската мрежа во селото Крклино. По завршувањето на чистењето на оваа мрежа во должина од 1700 метри, активностите продолжуваат во селата Породин во должина од 600 метри и Драгош во должина од 650 метри, со цел оспособување на каналската мрежа пред есенските дождови.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРАНЕЦ И УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ
Следно соопштениеОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ДОБИЕ ЛОКАЛЕН СОВЕТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО