Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

77
Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев


Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви.

Членот на новиот ЦО на СДС и Филипче, Стојан Коциров кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДС, е нов директор на струмичката фирма.

Станува збор за фирма која до пред само некоја година лично Вице Заев управувал со неа. Истата фирма, била и добитник на голем број тендери во Струмица кога Заев бил градоначалник, но и низ цела Македонија, кога Заев бил премиер. Сара Инженеринг ДОО Струмица е меѓу должниците на Управата за јавни приходи за нецелосно исплатени даноци, како и меѓу фирмите кои добивале кредити од Еуростандард пред банката да биде затворена со стечај.

Заев се уште го води СДС и го контролира Филипче. Го мести за претседател, му мести ПР, му мести луѓе за членови на ИО и ЦО, и неговите луѓе кои се блиски соработници на Филипче, ги става директори на фирми блиски до неговото семејство.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси
Следно соопштениеПи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре