„Црната листа“ на САД доказ дека СДС е во коалиција со криминалците во Македонија, неформалниот коалициски партнер Стевчо Јакимовски и нивниот перјаник Катица Јанева непожелни личности за стратешкиот партнер

40
„Црната листа“ на САД доказ дека СДС е во коалиција со криминалците во Македонија, неформалниот коалициски партнер Стевчо Јакимовски и нивниот перјаник Катица Јанева непожелни личности за стратешкиот партнер

Катица Јанева и СЈО започнаа со паролата „Нема правда нема мир“ а сега завршија на „црната листа“ на нашиот најголем стратешки партнер САД поради вмешаност во криминал и корупција.
Јанева, која најголемата поддршка ја црпеше и добиваше од коалицијата на СДС и ДУИ, од таканаречен борец за правда стана непожелна личност за САД.
Сите судски случаи за Катица Јанева и СЈО за рекетирање, злоупотреба на службената положба и злоупотреба на јавното обвинителство водеа до првите луѓе во власта на СДС и ДУИ, се со цел пресметка со политичките неистомисленици, а тоа веќе е потврдено и од нашите стратешки партнери.
Втор на „црната листа“ се најде и марионетата на СДС и Ковачевски, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
Јакимовски кои е во неформална коалиција со СДС и одработува за власта за отцепување на опозициските гласови е на оваа листа на САД за сторен криминал од високи размери.
СДС и ДУИ го спасија Стевчо Јакимовски од сите судски постапки во Македонија, но тој за САД е непожелна личност, бидејќи тој како што стои во соопштението на Американскиот Стејт Департмент „бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.
СДС секој ден, како расипана плоча, повторуваат дека се за европска Македонија, за европски вредности, а сите стратешки партнери секој ден потврдуваат дека тие се во коалиција со криминалот во Македонија. Последен доказ е токму соопштението од Стејт Департментот.
Ова е доказ дека институциите во Македонија не функционираат и корупцијата и криминалот метастазираат.
Никогаш не било полошо, за тоа важно е да ги поразиме.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЦРВЕНИОТ КРСТ, САИТ САИТИ, БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР
Следно соопштениеСТРУЧНИ ЛИЦА ЌЕ ИМ ПОМАГААТ НА ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ДА СЕ СООЧАТ СО СТРЕСНИТЕ СИТУАЦИИ ВО СЕМЕЈСТВОТО