Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучи кон кампањата „Петарди НЕ – безбедност пред сè“ за превенција од употреба на пиротехнички средства на Министерството за Внатрешни работи

122
Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучи кон кампањата „Петарди НЕ – безбедност пред сè“ за превенција од употреба на пиротехнички средства на Министерството за Внатрешни работи

На ден 26.12.2023 Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити заедно со Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски и директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хиругијата, доц. д-р Софија Пејкова присуствуваа на показната вежба во склоп на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства во организација на Црвениот крст и СВР Скопје – Одделение за превенција.

Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити истакна дека Црвениот крст во пресрет на новогодишните празници, кога се забележува поголема употреба на пиротехнички средства и оваа година се приклучува кон кампањата на МВР која има за цел подигнување на јавната свест за опасностите кои се јавуваат од употреба на пиротехнички средства. Генералниот секретар истакна и дека Црвениот крст преку делувањето на Клубовите на млади и училишните клубови со поддршка на општинските организации редовно спроведува предавања и активности низ училиштата за подигнување на свеста за последиците од користење на пиротехнички средства.

Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучи кон кампањата „Петарди НЕ – безбедност пред сè“ за превенција од употреба на пиротехнички средства на Министерството за Внатрешни работи

The post Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучи кон кампањата „Петарди НЕ – безбедност пред сè“ за превенција од употреба на пиротехнички средства на Министерството за Внатрешни работи appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКарапетров: Одлуката за уривање на крстот не е одлука на БЕСА и ВМРО, туку одлука на Општинскиот инспекторат, кој постапи по барање на коалиционен партнер на СДСМ, ДУИ
Следно соопштениеОТВОРИВМЕ РОСА ШКОЛО ЗА ДОЕЊЕ ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА СО ПОДДРШКА ОД ПИВАРА – Министерство за Здравство