Дали МВР и Панче Тошковски намерно го прикриваат шпионскиот скандал во кабинетот на Силјановска?! Левица

53
Дали МВР и Панче Тошковски намерно го прикриваат шпионскиот скандал во кабинетот на Силјановска?! Левица

Додека претседателката Гордана Силјановска-Давкова јавно бара институциите ажурно да постапат во врска со шпионската афера во нејзиниот кабинет, јавноста е сведок дека Министерството за внатрешни работи со месеци НЕ ДОСТАВУВА клучни информации и вештачења до Обвинителството. Ова отвора сериозен сомнеж дека МВР и министерот Панче Тошковски свесно се обидуваат да го сокријат скандалот и да ја ПОПРЕЧАТ истрагата за утврдување на фактичката состојба.

Според информациите во медиумите, МВР сè уште не ги доставило податоците од вештачењата на компјутери, телефони и безбедносни камери поврзани со случајот на шпионирање доверливи податоци од кабинетот на претседателката. Наместо ефикасна и професионална истрага, јавноста повторно гледа институционална опструкција и молк.

Очигледно е дека МВР под раководство на Панче Тошковски станува НАЈСЛАБА АЛКА во системот за гонење на криминал. Наместо да биде гарант за законитост и безбедност, Министерството се претвори во институција обременета со скандали, непрофесионализам и сомнежи за корупција во сопствените редови.

Дополнително, загрижува фактот што и покрај бројните скандали во полицијата, Панче Тошковски нема спроведено никаков суштински ВЕТИНГ во МВР, не се вршат тестови за професионален интегритет, ниту јавноста гледа сериозни дисциплински постапки и одговорност по низа трагични случаи, вклучително и случаите со фемициди каде институциите потфрлија во заштитата на жртвите. Наместо темелни реформи и расчистување со компромитирани структури, во МВР владее континуитет на неказнивост и институционална заштита.

Во мандатот на Тошковски јавноста е сведок на НИЗА АФЕРИ, селективно постапување и институционален хаос, а овој случај дополнително ја потврдува неспособноста и незаинтересираноста на МВР да се справи со сериозни безбедносни закани.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеОПШТИНА КАРПОШ РАСПИШУВА ЈАВНИ ОГЛАСИ ЗА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ
Следно соопштениеПриговорот на ЕСМ отвора пат за нова истрага за милионскиот скандал со „Мазут“ и е доказ за непрофесионално постапување на обвинителите Коларевиќ и Абази