Дали знаете дека богатите плаќаат придонеси само на дел од приходот, а работникот на сè?Денес тоа може да се смени – предлогот на Левица е на дневен ред. Левица

16
Дали знаете дека богатите плаќаат придонеси само на дел од приходот, а работникот на сè?Денес тоа може да се смени – предлогот на Левица е на дневен ред. Левица

Денес во Собранието на дневен ред е предлогот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поднесен од на пратеничката група на Левица, со кој може да се стави крај на една тивка, но огромна неправда во системот. Станува збор за укинување на таканаречениот плафон за придонеси – одредба која им дава привилегија на најбогатите, а товарот го остава на грбот на обичниот работник.

Во сегашниот систем на придонеси, правилата не важат исто за сите. За најголемиот дел од граѓаните, особено за ниската и средната класа, придонесите се плаќаат на секој заработен денар.

Ако некој зема минимална или просечна плата, државата му пресметува придонеси на целиот износ, без какви било олеснувања – плаќаат пропорционално, целосно и без исклучоци.

Но, истиот тој принцип НЕ ВАЖИ кога ќе се стигне до највисоките примања. Таму постои плафон т.н. максимална основица, по која придонесите едноставно престануваат да се пресметуваат.

Во пракса, тоа значи дека додека работникот плаќа придонеси на 100% од својата плата, некој со екстремно високи приходи плаќа само до одреден лимит, а сè над тоа останува надвор од системот. Со други зборови, човек што зема 30.000 денари нема никаква заштита од системот и плаќа на сè што ќе заработи. Но, човек што зема десетпати, сто пати или илјада пати повеќе, има ʼтаванʼ по кој повеќе не учествува. Така, процентуално гледано, најголемиот товар паѓа токму врз оние што имаат најмалку простор да го сносат.

Предложената измена го укинува токму тој тајм-аут за најбогатите. Со бришење на максималната основица, правилото би било придонеси да се плаќаат на целиот приход без исклучок. За ниската и средната класа ова ништо не менува – тие и досега плаќаа на целата плата. Но, за највисоките примања, тоа значи дека конечно ќе плаќаат како и сите други под нив.

Дополнително, на овој начин би се зголемиле и приходите во фондот за социјално осигурување, што е особено важно.

Во суштина, мора да одлучиме дали ќе продолжиме да фаворизираме мал број екстремно високи приходи или ќе се движиме кон принцип на еднаквост и солидарност, каде секој придонесува согласно својата реална економска моќ.

Затоа, денес, ги повикуваме пратениците, особено владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, да ја поддржи оваа едноставна измена која ќе стави крај на налудничавото правило.

 



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче на Х: Мицкоски отворено ја застапува тезата неговите министри да може да имаат бугарски пасоши
Следно соопштениеФилипче на X: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав