Даниел Димевски во посета на ИОК, средба со Томас Бах

167
Даниел Димевски во посета на ИОК, средба со Томас Бах

На средбата, во исклучително пријателска атмосфера претседателот Бах официјално му го врачи Цертификатот за признавање на МОК како одговорна организација што применува практики и принципи на добро владеење.

На самиот чин на цертифицирање претходеше презентација и евалуација на сите проекти што ги реализира Македонскиот Олимписки комитет, како и позитивниот извештај од страна на реномираниот Price Waterhouse Cooper презентиран годинава.

Претседателот Бах изрази подготвеност да помогне во проектот за поставување на фотоволтаици на кровот од Олимпискиот центар “Јане Сандански” како и максимална поддршка при организација на претстојните младински олимписки игри во Скопје во 2025 година.

За огромната поддршка што претседателот Бах ја дава на Македонскиот Олимписки комитет, од страна на претседателот Димевски му беше врачена престижната награда “Златна Олимпија”.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИвановски до Ковачевски: Дали со ваш амин пред 24 часа во СВР Битола е вработена сопругата на координаторот на советничкатa група
Следно соопштениеЈАКИМОВСКИ ГО ОТВОРИ ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ВАТЕРПОЛО “13 НОЕМВРИ“-СКОПЈЕ