Дарио Ивановски со најдобро македонско време на маратоните

124
Дарио Ивановски со најдобро македонско време на маратоните

Македонскиот атлетичар и Олимписки стипендист на МОК, Дарио Ивановски на маратонот кој се одржа на 03 ти декември во Шпанија, Валенсија (42,2 километри) постави нов македонски рекорд со извонреден резултат од 2 часа, 11 минути и 53 секунди. Ова постигнување е подобро од претходното за повеќе од шест минути, остварено на 15 мај 2022 година во Копенхаген (2:18.12).

Дарио ја има целосната и безрезервна поддршка на МОК уште од 2016 година, а истата ќе продолжи и во иднина. Силно веруваме дека тој своето најдобро ќе го прикаже на Олимписките игри во Париз 2024.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЦелото општество е во тага, сочувство за семејството на Вања
Следно соопштениеИО СДСМ: Иницијатива и отворен повик за формирање на Европски фронт, започнува постапка за избор на кандидат за претседател