Дебакл на Шукова и Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш, никој не сака да застане до нив

77
Дебакл на Шукова и Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш, никој не сака да застане до нив

Дебакл на СДС и Венко Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш.

Филипче денеска потврди дека никој не сака да маршира покрај него и Каја Шукова и дека не може да ја консолидираат партијата.

Денешната прес-конференција на Филипче е само доказ за бедата и очајот во кој ја доведоа СДС.

Иако две недели однапред го најавија, сепак не успеаја да го мобилизираат членството да им се приклучи и денеска Филипче испаничен во очај мораше да го откаже маршот затоа што веројатно ќе маршираа сами тој и Шукова, евентуално и Чупеска.

Во неможност да организираат свој сопствен марш, Филипче се впушти во она што СДС најдобро го прават, злоупотреба на туѓи собири, па така реши да го злоупотреби маршот на граѓанските организации и неповикан партиски да им го обои.

На Македонија и е потребна сериозна опозиција, а не ваква на чело со Филипче која злоупотребува трагедии и туѓи собири.

Вистината е дека СДС не може да собере луѓе на свој протест па мора да се прилепуваат кон други протести, што самото тоа покажува две работи: СДС е омразена и пропадната партија која почнува да делува како помал кружок, и второ, користат разни прокси организации и ги злоупотррбуваат да прикажат наводно незадоволство против Владата.

Дека СДС го изгуби кормилото покажува и фактот дека денес излегоа на прес-конференција намачкани со црвена боја сиболизирајќи крвави раце.

Српскиот советник кој видел крвави раце кај нив и ви сугерирал и вие да ставите не само што ве довел во заблуда туку и ве понижува фалејќи се наоколу дека целата партија му е под контрола и цитираме да свирне вие ќе скокнете.

Но тоа е ваш проблем, а проблем на Македонија е тоа што има ваква површна корумпирана опозиција со истите луѓе кои Македонија ја доведоа до самото дно од кое се бориме и трудиме да се искачиме.

Извор на соопштението

Претходно соопштение(ВИДЕО) СДС лажеше дека постои договор за мигранти, Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше, граѓаните веќе не паѓаат на нивните лаги
Следно соопштениеПаниката во врвот на СДС преминува во политичка хистерија