„Децата се нашите бисери“

131
„Децата се нашите бисери“

Дали знаете дека бисерот настанува од болка?

Тогаш кога во школката ќе навлезе некое камче, тоа ја повредува и ѝ предизвикува силна болка. Како одбрана, школката почнува да лачи седеф.

Потребни се многу години да се создаде седефна обвивка за болката да престане, а во исто време да се создаде нешто толку прекрасно и посебно.

Лена научила што е болка уште многу малечка. Растена повеќе на улица отколку дома, често пати заспивала гладна без никој да ја покрие и бакне за добра ноќ.

Наместо да учи песнички во градинка, да добива петки на рачето и силни гушкања од мама, Лена растела без верба и надеж дека некој некогаш ќе ја гушне и ќе ѝ посака добра ноќ.

Приказната за бисерот е всушност приказна за Лена и сите други деца кои прерано во животот се соочиле со голема болка, но излегле похрабри и поистрајни.

Во СОС Детско село Лена ја доби грижата и љубовта која неизмерно и беше потребна. Нејзината СОС мајка Искра со многу љубов и трпение ѝ покажа што значи да биде сакана, како да стане после секое паѓање, но и дека болката не смее засекогаш да остане во нејзиното срце.

Како што седефот на школката се обвиткува околу камчето и создава бисер, така и родителската љубов и грижа со која се обвиткани децата во СОС Детско село прават нивната болка да се намали и тие да израснат во најпрекрасни бисерчиња.

Бисери на кои сме горди и за кои сме сигурни дека ќе продолжат во животот со крената глава и со многу успеси.

Драги пријатели, Ви благодариме ако и овој пат ДОНИРАТЕ и помогнете заедно да направиме МНОГУ за децата без родителска грижа.

ДОНИРАЈ СЕГА

The post „Децата се нашите бисери“ appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНептун ја продолжува својата хумана мисија со СОС Детско село, овој пат преку партнерство со Донирај Компјутер
Следно соопштениеТрипуновски до Димковски: Кој вака те лизна да држиш прес конференции и да го обвинуваш ВМРО-ДПМНЕ, кога вие сте на власт 6 години, повикај го Николовски да одговори за истрагите на ОЛАФ во МЗШВ