ДЕЛ ОД НАДЛЕЖНИТЕ НА СРЕДБА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ КОН МЕЏИТЛИЈА – ОПШТИНАТА ЌЕ ПОБАРА ДЕТАЛИ ЗА ДИНАМИКАТА НА ИЗВЕДБА

135
ДЕЛ ОД НАДЛЕЖНИТЕ НА СРЕДБА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ КОН МЕЏИТЛИЈА – ОПШТИНАТА ЌЕ ПОБАРА ДЕТАЛИ ЗА ДИНАМИКАТА НА ИЗВЕДБА

На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски денес се одржа средба со релевантните институции вклучени во изведување на проектот за реконструкција на патниот правец Битола-Грчка граница, на која присуствуваа претставници на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Надзорниот орган ГЕИНГ, СВР Битола, секретарот Борче Димитровски и општинската администрација.

Градоначалникот беше информиран дека за овој патен правец е изработен Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај, истиот е одобрен, но по иницијатива на надзорниот орган, изведувачот и инвеститорот, поради поголема безбедност во сообраќајот, побарано е во проектот да се извршат измени и дополнувања со потребни мерки за зголемување на безбедноста.

По одржаната работна средба, Општина Битола писмено ќе се обрати до инвеститорот, со цел да ги добие конкретните детали во делот на динамиката и заокружувањето на проектот за реконструкција на патниот правец Битола-грчка граница.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗавршува комплетната реконструкција на улицата „Крушевска Република“ – Општина Струмица
Следно соопштениеМицкоски: Повикувам Европа да не дозволи во 21 век повторно руските интереси на Балканот да бидат реалност и да се случи асимилација на македонскиот народ