Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

89
Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Денес, официјална делегација на Левица, предводена од пратеникот Борислав Крмов и генералниот секретар Јована Мојсоска , положи цвеќе на вечното почивалиште на апостолот на македонската револуционерна борба – Гоце Делчев.

За величината на еден од најголемите македонски револуционери говори неговото дело, каде Делчев најдоследно и најупорно се бори, како против османлиската тиранија и доминација, така и против великобугарскиот врховизам и против сите обиди на бугарскиот монархизам да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои шовинистички цели.

Денес, поради вазалноста и потчинетоста на квинслишката власт, повторно великобугарските апетити се обидуваат да го извалкаат ликот и делото на најистакнатата револуционерна личност од македонската историја.

Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава – и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република.

Додека живеат идеалите на Делчев – ќе живее и Републиката!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

04.05.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДЕЛЕГАЦИЈА ОД КАРПОШ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА СТАРИ ГРАД (САРАЕВО)
Следно соопштениеВМРО-ДПМНЕ бега, не кажува на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите