ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КАРПОШ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА СТАРИ ГРАД (САРАЕВО)

86
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КАРПОШ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА СТАРИ ГРАД (САРАЕВО)

Тричлена делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Советот, Александар Илиески и претставничката од општинската администрација, Билјана Јованоска, деновиве се наоѓаат во пријателска посета на збратимената Општина Стари Град (Сараево). Повод за тридневната средба е празнување на 2. мај – Денот на оваа босанска локална самоуправа, која воедно ја одбележува 31 годишнината од ослободувањета на Општина Стари Град но и на цело Сараево, каде што се воделе пресудните битки за одбрана на независна Босна и Херцеговина.

 

Во таа насока, домаќините подготвија богата културно – уметничка програма, која со своето учество ја збогатија членовите на КУД „Башчаршија“, како и босанскохерцеговската актерка Медиха Муслиовиќ. Во рамки на манифестацијата, исто така беше емитуван и промотивниот филм „Стари Град – општина по европски стандарди“.

 

На покана од градоначалникот на Општина Стари Град, Ибрахим Хаџибајриќ, на Свечената седница која се одржа вчеравечер во Бошњачкиот институт, покрај делегацијата од Општина Карпош присуствуваа и претставници на бројни граѓански здруженија, како и делегации од збратимените општини и градови од регионот и од Република Турција.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАко се е чисто со Договорот за Коридорите тогаш Ковачевски нека излезе на дуел- криењето нема да го спаси од одговорност за криминалот
Следно соопштениеДелегација на Левица положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев