ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КАРПОШ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВРЊАЧКА БАЊА

11
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КАРПОШ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВРЊАЧКА БАЊА

По повод Денот на Општина Врњачка Бања, делегација од Општина Карпош, предводена од градоначалникот Сотир Лукровски, присуствуваше на свеченото одбележување на празникот.

Упатуваме искрени честитки до раководството и граѓаните на нашата збратимена Општина Врњачка Бања, со желби за понатамошен развој, успех и благосостојба.

 Оваа посета претставува уште една потврда за цврстото партнерство и продолжувањето на соработката меѓу двете збратимени општини.

Во наредниот период ќе продолжиме да ја унапредуваме соработката преку размена на искуства, добри практики и реализација на заеднички активности и проекти во повеќе области, во интерес на граѓаните на двете локални самоуправи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие
Следно соопштениеЈа поздравуваме акцијата на полицијата и приведувањето на Цуна, СДС да се извинат и да одговорат дали со своите смутови сакаа да му помогнат на бегалецот?