ДЕМАНТ

5
ДЕМАНТ
Општина Карпош ги демантира лагите кои се дел од црната кампања во изборната трка за градоначалник во општина Карпош.
Ги замолуваме кандидатите за градоначалници, кои го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, а со тоа се обврзаа на „фер и демократска битка“, во текот на кампањата да не се служат со небулози и невистини, туку на граѓаните да им ги презентираат своите идеи и идни проекти.
Една таква лага е пласирана преку партиски мегафони дека лифтовите во новата општинска зграда во општина Карпош чинат 600.000 евра. Да тврдиш дека два лифта во зграда од четири ката чинат толку пари е потценување на интелигенцијата на гласачкото тело во Карпош.

Во договорот јасно стои „Изведба на завршни занаетчиски работи и поставување на лифтови во административен објект на локална самоуправа општина Карпош“. Изведувањето на двата лифта во новата зграда е само еден дел од договорот и чини точно 4 милиони денари, вклучувајќи го нивното комплетно инсталирање (челична конструкција, арматури, електроники и се останато). Во останатите ставки од договорот влегуваат: алуминиумска столарија, топловодни приклучоци, молерофарбарски работи, цевководи, водоотпорни гипс картони, преградни ѕидови, мермери, стаклени огради и тн…
Со почит,

The post ДЕМАНТ appeared first on Karpos.gov.mk.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГичев: ДПМНЕ ги изневери граѓаните, време е за нова позитивна енергија и прогрес во Свети Николе
Следно соопштениеДали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?