Градот на светлината како ја нарекуваат француската престолнина, ќе блесне во сиот свој сјај. Париз ќе биде светската сцена на која ќе продефилираат повеќе од 10.500 најдобри спортисти и од целиот свет.
Церемонијата на отворањето на Олимписките игри за прв пат се организира надвор од стадионот, во самиот град, односно на реката Сена.