Денес започна асфалтирањето на улицата ,,Крушевска Република’’ во Струмица. – Општина Струмица

100

Денес, градоначалникот Костадин Костадинов изврши увид во почетните градежни работи од реконструкцијата на ул. „Крушевска република“, кои започнаа денес.

Станува збор за асфалтирање на левата страна од улицата, како дел од целосната реконструкција на двете коловозни ленти покрај покриениот дел од каналот, на потегот од кружниот тек кај ЕВН до „Момин бунар“, во должина од 583 метри.

Во првата фаза од работите се поставува првиот слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри, по што ќе следува поставување и на втор слој од 4 сантиметри. Реконструкцијата ги опфаќа и тротоарните површини, како и изведба на ново атмосферско одводнување.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСопругата на Ковачевски добила земјиште од владата на Ковачевски, нека не се прави успешен менаџер, избркан е од компаниите зошто е неспособен
Следно соопштениеСо ребалaнсот создаваме можност за реконструкција на салата “Расадник”