ДИГИТАЛИЗИРАНИ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КАРПОШ – Karpos.gov.mk

55
ДИГИТАЛИЗИРАНИ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КАРПОШ – Karpos.gov.mk

Денеска, во просториите на ООУ ,,Јан Амос Коменски” , највозрасните граѓани на Карпош, се здобија со сертификати за дигитална писменост. По 12 недели, бесплатните обуки кои ги спроведе аутсорсинг компанијата Таск-ХРС, постарите карпошани научија како да го користат компјутерот како средство за побрзо и навремено плаќање пред се на сметките и користење на интернетот. Исто така, тие се стекнаа со практични вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите какви што се електронското банкарство, социјалните мрежи (Facebook, Instagram) итн.

Имено, ова беше иницијатива која се реализираше  преку годишната Програма на локалната самоуправа за еднакви можности меѓу жените и мажите, за која Општината од својот буџет одвои 600.000 денари.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВо време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?
Следно соопштениеДенот во 60 секунди – Реформите во економијата даваат позитивни резултати со раст од 3,2%, со Оперативниот план 2025 ќе има подобра заштита од шумски пожари со 400 нови пожарникари